Меѓународен саем за туризам Белград 2022

март 28, 2022

23ти- 27ми март 2022 – Учество на Меѓународниот саем за туризам во Белград, Србија

Оваа година, по традиција, ХОТАМ учествуваше на Меѓународниот саем за туризам во Белград кој се одржа во периодот од 24. до 27. март 2022 год. Здружението беше застапено со персонализиран пулт на штандот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

  

Традиционално, како и секоја година пред пандемијата да ги стопира сите саемски манифестации, ХОТАМ организираше Охридска вечера во Хотел Мажестик Белград. Членовите на ХОТАМ и нивните ценети гости (партнери, колеги, претставници на општина Охрид и други институции) уживаа во меѓусебното друштво како и во македонските јадења и пијалоци.

 

Вечерта на отварањето на саемот на 23. февруари 2022 година, се одржа уште еден традиционален настан, организиран од БАХА – Балканската Алијанса на Хотелските Асоцијации, каде што имаше меѓусебно дружење на претставниците на хотелскиот и туристичките бизниси од регионот.