ЗА ESAP 2

Платформата за вработување и социјални работи 2 (ESAP 2) има за цел да ги подобри можностите за вработување и условите за работа на жените и мажите во Западен Балкан.

ESAP 2 е регионален тригодишен (2019–2022) проект финансиран од Европската Унија (ЕУ) и имплементиран од Меѓународната организација на трудот (МОТ). ESAP 2 настојува да идентификува мерки кои ќе го намалат неформалното вработување и непријавената работа, ќе ја подобрат ефективноста на трудовите инспекторати во откривањето на непријавената работа и ќе го подобрат социјалниот дијалог на регионално и на национално ниво.