За пилот мерката

Оваа веб-страница е развиена во рамките на пилот мерката на регионалниот проект Платформа за вработување и социјални работи – ESAP 2. ESAP 2 беше финансиран од Европската Унија и имплементиран од Меѓународната организација на трудот (МОТ).

Во соработка со ХОТАМ, ESAP 2 ја пилотира мерката „Да се направи декларирана работа привлечна за работодавачите и вработените“ (MDWA). Оваа мерка има за цел да генерира докази за ефективноста на поедноставувањето на процедурите за вработување и помалиот придонес за социјално осигурување за краткорочните работници во намалувањето на неформалното вработување и работата на црно.

Мерката се спроведува во општините Охрид и Струга во Северна Македонија.