За МОТ

Унапредување на социјалната правда, промовирање на пристојна работа.

Меѓународната организација на трудот (МОТ) е агенција на Обединетите нации во сферата на трудот. Ги здружуваме владите, работодавачите и работниците за да поттикнеме пристап фокусиран на работникот и иднината на трудот преку создавање нови можности за вработување, како и подобрување на правата на работниците, социјалната заштита и социјалниот дијалог.

МОТ има 187 земји-членки и е една од најстарите агенции на ОН основана во 1919 година.