Се одржа првата средба на претставници на ХОТАМ со градоначалникот на Општина Охрид Г-дин Кирил Пецаков

декември 7, 2021

На 03.12.2021 година во Хотел Гранит Охрид се одржа првата средба на претставници на ХОТАМ со градоначалникот на Општина Охрид Г-дин Кирил Пецаков. Оваа првична средба беше главно наменета за меѓусебно запознавање и воспоставување на основи за понатамошна соработка во насока на позитивно изнаоѓање на решенија за актуелните проблеми со кои се соочува хотелско-угостителскиот сектор во Охридскиот регион, настапи на локални и меѓународни саеми со цел промоција на општината на повисоко ниво, подигање на дестинацијата на повисоко ниво, воспоставување на електронско пријавување на туристи по хотелите, но и по приватното сместување.

После оваа првична средба за запознавање и увид во активностите во кои можеме да соработуваме, понатака ќе се организираат средби со конкретни цели.