Презентација на пилот мерката Да ја направиме пријавената работа привлечна за работниците и работодавачите

февруари 2, 2022

2-ри февруари, 2022 – Презентација на пилот мерката „Да ја направиме пријавената работа привлечна за работодавачите и работниците“ се одржа во Хотел Дрим Струга. На средбата беа присутни претставници на хотели и ресторани од Охридско-Струшкиот регион, како и преставници на медиумите. Претседателот на ХОТАМ – Крсте Блажески и менаџерите на пилот мерката Славица Гашоска и Зоран Михајлоски ги запознаа присутните со можностите кои ги нуди оваа мерка за како за работодавачите, така и за работниците: за краткорочните вработувања во периодот Мај-Август 2022 тимот на пилот мерката ќе помага во приближувањето на работодавачите и работниците, асистенција на работодавачите со цел намалување на административниот товар со кој се среќаваат при пријавувањето на краткорочните вработувања, поврат на придонесите после исплатата на бруто платите.

Настанот беше покриен од страна на медиумите на повеќето национални ТВ станици како и на онлајн платформире. Во продолжение се дел од споменатите објави:

Нема работници во хотелско-угостителската дејност

ХОТАМ СО ИДЕЈА КАКО ДА НАЈДЕ РАБОТНИЦИ Хотелиерите ќе плаќаат придонеси и за работа до 9 дена

 

ЖИТЕЛИТЕ НА ОХРИДСКО-СТРУШКИОТ РЕГИОН ЌЕ МОЖАТ ДОПОЛНИТЕЛНО ДА ЗАРАБОТАТ КАКО КЕЛНЕРИ, ГОТВАЧИ И СОБАРКИ ПРЕКУ НОВА ПИЛОТ-МЕРКА

Жителите на Охридско-струшкиот реон ќе можат да заработат дополнително преку нова пилот-мерка

https://www.24.mk/details/khotam-podgotvi-platforma-za-vrabotuvanje-preku-koja-i-rabotodavcite-i-rabotnicite-polesno-kje-mozhat-da-dojdat-do-posakuvanata-rabota-od-sektorot/