24. Март, 2022 – Потпишан Меморандум за соработка помеѓу ХОТАМ и Кластерот на туристичкото стопанство на Врњачка Бања. За време на првиот ден од Меѓународниот туристички саем во Белград, Србија, на Македонскиот штанд каде што ХОТАМ е присутен со свој пулт, претставниците на ХОТАМ – г-дин Крсте Блажески и на Кластерот на туристичкото стопанство на Врњачка Бања – г-дин Ѓорѓе Макуљевиќ потпишаа Меморандум за соработка.
Предмет на овој Меморандум е воспоставување и развој на соработката помеѓу потписниците на Меморандумот, а ги опфаќа сите облици и процеси на поврзување во областа на угостителската и туристичката дејност, а со самото тоа и застапување на заедничките интереси во наведената област.
Во дух на партнерство, меѓусебна доверба и добра деловна соработка, двете страни се договорија да соработуваат на следните полиња:
● Размена на стручен кадар;
● Размена на технолошки искуства;
● Едукација и понатамошна соработка.