Примена на AI во туризмот

June 16, 2024

ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО НА БЕСПЛАТНИ ОНЛАЈН РАБОТИЛНИЦИ

* Во рамки на проектот “WeBe Digital Media Tools Networking” – ( „WeBe вмрежување со дигитални медиумски алатки) од курсот во 8 дела, закажани се уште две дводелни интерактивни, едукативни, бесплатни работилници.

* Петтиот дел од курсот закажан е на 17.06 2024 година (понеделник) во 19:00.

Приклучете се на следниот линк:

https://us02web.zoom.us/j/87340373173

Првиот дел од оваа работилница е на тема:

– Примена на AI во туризмот.

* Во оваа работилница ќе зборува македонскиот експерт Владислав Бидиков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инжињерство (ФИНКИ). Медиумските ветерани Берта Додевска и Емица Ниами Налбантиќ ќе зборуваат за темата во контекст на масовната комуникација.

Во вториот дел од работилницата ќе се осврнеме: – Воопштено за виртуелните тури, нивниот развој и промени кои ги донесе Matterport технологијата. На темата ќе се осврне Милош Вуковиќ Matterport експерт во агенцијата од Белград Abies system, нашиот партнер од Србија.

Шестиот дел од курсот закажан е на 18.06 2024 година (вторник) во 19:00.

Приклучете се на следниот линк:

https://us02web.zoom.us/j/89998870217

Првиот дел од оваа работилница е на тема:
Matterport технолошко решение – објаснување на функционирање на хардверот и софтверот како причина за супериорноста во однос на другите решенија за скенирање на просторот. На темата ќе се осврне Милош Вуковиќ Matterport експерт во агенцијата од Белград Abies sistem нашиот партнер од Србија.

* Во вториот дел од работилницата ќе се осврнеме на:
– Примена на AI во уметноста.

* Во оваа работилница ќе зборува македонскиот експерт Владислав Бидиков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инжињерство (ФИНКИ). Медиумските ветерани Берта Додевска и Емица Ниами Налбантиќ ќе зборуваат за темата во контекст на масовната комуникација.

* Сите работилници се достапни бесплатно со двојазичен превод. На работилниците учиме од експерти во својата област, вежбаме со можнст да поставуваме прашања и да добиеме професионални одговори.

▶️ ВИДЕОСНИМКИТЕ ОД РАБОТИЛНИЦИТЕ ќе бидат поставени на:

Дигиталната видео платформа https://level7.tv/ во посебна категорија во делот on demand.

И на Фејсбук страницата – “WeBe Digital Tools Networking”

⏺️ Во рамки на пректот имате можност да учетвувате во статистичка анализа на ниво на три земји, со пополнување на анкетен прашалник на тема “Медиумска писменост и иновативни дигитални алатки„ на следнот линк:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSf2pl6uvl8jjYUOl2g6lehVjTQMFoEo-UhbeoSGmKbBKGxrvQ/viewform?vc=0&c=0&w=1&flr=0

Проектот е ко-финансиран од Европска Унија (EU) German Federal Ministry of Economic Cooperation and Development (GIZ) поддржан од #SustainMedia, и Мотион ПРО ДООЕЛ Скопје, како носител на проектот со партнерите од Србија и Босна и Херцеговина. Фондација Берта Додевска, Скопје, волонтерски е вклучена во организација на целиот проект.

Ве очекуваме.