Македонска вечер за туроператори и други бизниси од Полска

June 26, 2021

На 26.06.2021 година во расторан Кепенци (Хотел Дрим) се одржа Македонска вечер за група од 40 претставници на туроператори и други бизниси од Полска во организација на туроператорот Рего Бис кој во летната сезона оперира со 3 чартер линии до Охридскиот Аеродром. На гостите им се обрати Премиерот г-дин Зоран Заев кој ја истакна важноста на полскиот пазар за туризмот во Македонија. Во име на гостите од Полска се обратија Павел Ниевиадомски – главен претседател на Европската асоцијација на туристички агенции и г-ѓата Габриела Манка Сокулу – сопственик на туроператорот Рего Бис. Во прилог отографии од настанот.