Повик за искажување на интерес на обучувачи за работни вештини

March 28, 2022

Почитувани,

Согласно договорот за имплементацијата на пилот мерката „Да ја направиме пријавената работа привлечна за работодавачите и работниците“, во рамките на проектот „Платформа за вработување и социјални работи – ESAP2“ финансиски подржан од Европската Унија и имплементиран од Меѓународната организација на трудот, објавуваме оглас за  обучувачи за вештини во угостителството.

Главна цел на мерката „ Да ја направиме пријавената работа привлечна за работодавачите и работниците“ е да генерира докази како поедноставувањето на процедурите за вработување и помалиот придонес за социјално осигурување за краткорочните работници ќе влијае врз намалувањето на неформалното вработување и работата на црно.

Предмет на заснованите работни односи по оваа пилот мерка ќе бидат краткорочните вработувања на ден, два или неколку денови. Покрај лицата кои веќе професионално се занимаваат со угостителска дејност, предвидено е со оваа мерка да се ангажираат и лица кои немаат претходно работно искуство во угостителство. Токму поради тоа за овие лица ќе бидат организирани обуки за конкретни вештини за работа во угостителство, и тоа:

  • Обуки за вештини за работа во ресторан
  • Обуки за вештини за работа во кујна
  • Обуки за вештини за работа како собарка

За таа цел, потребен е ангажман на надворешни лица за спроведување на активноста. Обуките ќе се извршуваат во периодот 15.04.2022 до 15.06.2022 година. Бројот на денови за кои ќе биде ангажманот ќе се утврди дополнително зависно од бројот на пријавени баратели на работа.

Потребни квалификации:

– Најмалку 5 години работно искуство во угостителска дејност

– Предност ќе имаат кандидатите кои имаат завршено средно или високо образование од областа на угостителството.

 

Заинтересираните консултанти треба да ги достават следниве документи:

– Кратка биографија

– Мотивационо писмо со кое го објаснуваат своето досегашно работно искуство и подготвеноста да го пренесат своето искуство на барателите на работа

– Предлог буџет изразен во износ за еден ден на обука

 

Предвидени активности:

Консултантот во рамките на ангажманот се обврзува да ги спроведен следниве активности/продукти:

– Во консултација со тимот на пилот мерката да изготви агенда на настанот/обуката

– Да изврши одреден број на еднодневни обуки за соодветната вештина

 

Начин на избор на консултантот

Сите добиени понуди ќе бидат разгледани од страна на тимот на мерката и ќе биде донесена одлука за најповолна понуда, односно најмногу добиени поени (од вкупно можни 50 поени). Оценувањето ќе биде базирано на два основни критериуми:

– Релевантно искуство и познавања на обучувачот (25 поени)

– Понудена цена (25 поени)

Сите заинтересирани кандидати можат да ги поднесат побаруваните документи по електронски пат, на следнава и-мејл адреса: hotam.contact@gmail.com; најдоцна до 6-ти април 2022 година до 16:00 со назнака за која обука се пријавува.