ВО ОХРИД ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА „ФЕР АНГАЖМАН“ – Закон за работно ангажирање на лица

April 13, 2026

Почитувани членки на ХОТАМ и работодавачи од туристичкиот и угостителскиот сектор, ве повикуваме на 17 април (петок) со почеток во 10:00 часот, во салата на Советот на Општина Охрид, да присуствувате на информативната сесија „ФЕР АНГАЖМАН“, посветена на Законот за работно ангажирање на лица. Дознајте повеќе за можностите кои ги нуди законот, имајќи предвид дека целта на сесијата е јасно и практично информирање на крајните корисници за придобивките што ги нуди Законот, особено за работодавачите од угостителскиот сектор и туризмот.

Во рамки на настанот ќе бидат презентирани клучните аспекти на Законот, категориите лица кои можат да бидат работно ангажирани, нивните права и обврски, како и презентација на електронскиот систем за пријава и одјава (е-Работа).

Настанот се организира во рамки на кампањата „ФЕР АНГАЖМАН“, како дел од проектот „Подобри услови за вработување на сезонските работници во Република Северна Македонија“, кој го спроведуваат Центарот за истражување и креирање политики и GIZ North Macedonia, во соработка со Министерството за економија и труд и Агенција за вработување на РСМ