Состанок за вработување на странски лица

December 18, 2023

Од работниот состанок на членовите на ХОТАМ и Г-дин Арун Цохан од Индија одржан на ден 06.12.2023 година се издвојуваат следните заклучоци и информации:
Г-дин Арун ја обjaсни потребата од работници од странство во Македонија бидејки пазарат на труд во целата земја е доста намален во последните години .
Тие нудат квалификуван кадар од сите области на туризмот и хотелиерството како што се готвачи, помошници во кујна, келнери, собарки, хигиеничари итн. Гарантираат за квалитетот и квалификациите на работниците кои ги носат.Досега имаат
посредувано и донесено 50 работници од Индија.
Постапката е следна:
1.Целиот процес трае 1 месец од избор на работник до негово носење во земјата со добиена виза и дозвола за работа. Тие ја организираат целата формална работа со надлежните органи околу целиот процес.
Доколку работодавачот сака може да му организираат интервју со кандидатите преку видео разговор.
Работниците кои ги нудат се спремни да работат околу 12 часа на ден , 6 дена во неделата.
Се потпишува договор за работа кој е обврзувачки две години за работникот.
Трошоци и обврски на работодавецoт ги има се:
-1000 евра фиксен трошок за услугата по работник, кој се плаќа еднократно.
– Авионска карта за работникот од Индија за Македонија.(износот се утврдува зависно од моменталната цена на картата).
– 10% надокнада од нето плата за сервис, која ќе се плаќа секој месец по исплатена плата на работникот.
– Работодавецот треба да обезбеди сместување и два оброци дневно за работникот.
– Работодавецот треба да го пријави работникот согласно важечките прописи на ЗРО на РСМ .
– Надоместокот за нето плата изнесува од 400-600 евра месечно.
За сите други прашања и информации можете слободно да го контактирате Г-ди Арун
Цохан на тел: 076-338-411.