Сезонски вработувања преку пилот мерката MDWA

July 3, 2022

Сезонски вработувања преку пилот мерката MDWA

Пилот мерката „Да ја направиме пријавената работа привлечна за работодавачите и работниците“ – MDWA освен на вработувањето на персонал на дневна база се проширува и на сезонски вработувања во хотелскиот и угостителскиот сектор, и тоа вработувања на определено време (скратено или полно работно време) почнувајќи од 01.07.2022 година, а заклучно со 30.09.2022 година.
Тоа значи дека со овие нови сезонски работници ќе треба да се потпише следниот Договор за вработување за вршење сезонска работа и со истиот да се пријават во Агенцијата за вработување. Откако ќе го пријавите работникот, скен од договорот и М1М2 образец ќе ни доставите на меил (или ќе доставите копија во канцеларијата на проектот во Хотел Дрим).
Втората категорија на вработувања која исто така може да биде предмет на оваа пилот мерка е конвертирање на склучените договорите на веќе пријавените сезонските вработени на скратено (пола) работно време во договори на полно работно време. Откако ќе го пријавите работникот, скен од стариот договор, новиот договор и стариот и новиот М1М2 образец ќе ни доставите на меил (или ќе доставите копија во канцеларијата на проектот во Хотел Дрим).
Во овој случај, за мајки на деца од 2 до 12 години кои се веќе пријавени на половина работно време за сезонска работа, а со кои ќе се потпише нов договор и ќе се пријават на полно работно време, ХОТАМ преку пилот мерката директно на сметка ќе им исплати надомест за издршка на деца во бруто износ од 6000 денари.
Третата категорија на вработувања која може да биде предмет на оваа пилот мерка се сезонските работници кои сметате дека треба да добиваат повисока плата, а се пријавени и преку МПИН им се исплаќа минимална плата. И во овој случај откако ќе го пријавите работникот, скен од стариот договор, новиот договор и М1М2 образец ќе ни доставите на меил (или ќе доставите копија во канцеларијата на проектот во Хотел Дрим).
Во горенаведените случаи на пријавување на сезонски персонал нема ограничување во однос на минимална или максимална плата определена од страна на проектот, освен секако законски загарантираната минимална плата од 18000 денари.
Сеуште постои како категорија на вработувања преку оваа пилот мерка и ангажманот на лица на дневна основа, односно по потреба за денови со зголемен обем на работа (свадби, прослави, семинари, други настани).  Овие вработувања треба да се пријавени со следниот договор за вработување Договор-за-вработување-за-вршење-итни-неодложни-работи
На крајот на месецот после процесирање и исплата на бруто платите ќе ни доставите пресметки на плата за овие сезонски или дневни вработени и ние ќе извршиме поврат на платените придонеси и персонален данок, во целост.
Како што и беше претходно напоменато, крајната цел на пилот мерката е да се генерираат податоци со кои ХОТАМ, Организацијата на работодавачи и Меѓународната организација на трудот ќе настапат пред Владата со цврсти аргументи дека намалувањето на административните обврски за пријавување на сезонскиот персонал и намалувањето на трошоците за придонеси и персонален данок кои произлегуваат од сезонските вработувања ќе придонесе за намалување на работата на црно. Гледано долгорочно ова ќе значи бенефит за сите.
Во текот или на крајот на активностите од пилот мерката од страна на Меѓународната организација на трудот ќе се спроведат анонимна анкета и интервјуа. На сите бизниси и вработени кои ќе бидат вклучени во пилот мерката им се гарантира анонимност. Сите податоци кои ќе произлезат ќе бидат презентирани без именување на вклучените страни.
Се надеваме на одзив од Ваша страна и апелираме на фер користење на поволностите кои ни се овозможуваат преку оваа мерка.
За повеќе информации и пријавување на интерес за вклучување во оваа мерка можете да не контактирате на меил или на телефон
Зоран Михајлоски 075 261 648
Славица Гашоска 071 222 668
Со почит,
ХОТАМ