Хотел Дрим Струга се одржа „деловен појадок“ во организација на ОРМ

October 14, 2021

На 14.10.2021 година во Хотел Дрим Струга се одржа „деловен појадок“ во организација на ОРМ со претставници на ХОТАМ со цел размена на мислења и идеи меѓу работодавачите. Главна тема на состанокот беше дефицитот на работна сила на пазарот на труд, реформите во струшното образование, примена на ваучер системот и неговото значење и зајакнување на дијалогот помеѓу факутетит и стопанството. На состанокот свое обраќање имаа претседателот на ХОТАМ – г-дин Крсте Блажески, претседателката на ОРМ – г-ѓа Владанка Трајкоска и советникот за сектор угостителство и туризам при Центарот за стручно образование – г-дин Чедомир Димовски. Во отворената дискусија се потврди ставот дека е неопходно да се воведат реформи во поглед на средното и восокото стручно образование со воведување на посериозно практиканство со цел кај младата популација да се влее желба за работа во угоститеството. Воедно, од страна на г-динот Зоран Михајлоски беше презентиран новиот проект на ХОТАМ финансиран од Меѓународната Организација на Трудот чија главна цел е промовирање на пријавувањето на краткотрајните вработувања (вработувања на неколку часови, на ден или два, односно по потреба). Во прилог фотографии од настанот.

Барање до влада за РСМ